Јанчев објави резиме за кампањата и за денот на изборите

  • Фејсбук пост на Сашко Јанчев од Левица, носител на ИЕ4

Левица ја поддржа Силјановска на претходните претседателски.

Левица даде поддршка на локални во втор круг за пасокизација на СДС.

Левица седна на маса со балистите и Мицко за да го руши Заев.

ДПМНЕ за возврат ај што забрани Левица да гостува на тв Алфа, сега пуштија лаги дека после избори Левица ќе коалицира со СДС.

Нашите двајца пратеници изгинаа во Собрание за разлика од оние на ДПМНЕ кои 4 години си ги преспаа. 30 и кусур кривични имаме за функционери на СДС и ДУИ, ама сеа Левица ќе коалицирала со СДС.

После прв круг претседателски од ДПМНЕ пуштија муабет дека глас за Левица е глас за ДУИ. Пратете со што си имаме работа. ДПМНЕ гласаше за амнестија на УЧК, го направи Таљат Џафери министер за одбрана и десет години им беа партнер во Влада. Ама сеа глас за Левица бил глас за ДУИ. Нема грешка.

Најпростачки кинеа плакати и вршеа притисок на наши симпатизери. Мојот билбордот во Кавадарци кој е на три метра висина, со цел памет се качиле и почнале да го кинат.

На најголем христијански празник пуштија спин дека Левица ќе бојкотира и со иста приказна продолжија на ден на избори и покрај тоа што Левица официјално повика на масовна излезеност.

А за цело време дур го правеа ова, јавно викаат дека не ја напаѓаат Левица. Е со такви си имаме работа. Крв ви пијат, а јавно викаат дека ве лекуваат.

И изборите завршија. Пасокизацијата на СДС е тука. Иако дел е ребрендирана во нов субјект. За нас ќе видиме. За ДПМНЕ сигурно е дека ќе има најдобар резултат.

Арно ама, ако владата на вакво ДПМНЕ не зависи од пратениците на Левица, за кратко народот и сите кои паѓаа на нивните финти ќе имаат сериозно и огромно разочарување, а тоа за жал ќе биде на штета на Македонија.

Сите лаги ствараат долг кон реалноста и тој долг ќе дојде за наплата за жал многу брзо. Хинт, ДПМНЕ е решено да менува Устав.

Што се однесува до нас, како и да биде, ние секако спремни сме да се арчиме за Македонија и немаме никаква намера да се штедиме. Идни предавства на ваков или онаков начин тешко ќе врват!

Да сме живи и здрави и да живее Македонија.

ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ за сите членови и активисти на Левица за истрчаните три во едно кампањи.

ОГРОМНО БЛАГОДАРАМ на сите кои го дадоа гласот за Левица. Вие сте надеж дека ова тридецениско повторувачко лудило ќе запре и знак дека борбата на првите има смисла.

А сега чекаме резултати