Македонските математичари со одличен успех на математичката олимпијада

Македонските претставници постигнаа големи успеси на 64-тата Интернационална математичка олимпијада во Јапонија. На престижниот математички натпревар нашите средношколци освоија четири медали и две пофалници.

Дамјан Давков се закити со златен медал, Алексиј Тасиќ освои сребро, а Никола Цветаноски и Никола Спировски си заминаа со бронзени медали. Пофалници им беа доделени на Јан Стојановски и Бранко Јангеловски. На својата фејсбус страница Сојузот на математичари на Македонија СММ објавија:

„Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!

На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници.

ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени)

АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени)

НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени)

НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)

ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени)

БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)

Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина! Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања! Ваш СММ“