Бесплатни учебници и бесплатна исхрана за учениците ветува Апасиев

Десеткратно зголемување на буџетот за образование и наука. Бесплатни учебници и бесплатна исхрана за сите ученици. Субвенционирање на културните активности за студентите, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

-Укинување на партиципациите и школарините на факултетите. Дигитализација на високошколските учебници по принципот на „отворен пристап“. Намалување на бројот на државните универзитети на четири.

Само со радикални промени можеме да свртиме нов лист. Да создадеме средена држава. Има како! Има кој! Дали е можно? Се прашува народот, додава тој.