Левичарскиот Институт Рацин ја реализираше првата обука за Советници

  • Соопштение на Левичарскиот Институт Рацин.

Вчера, во рамките на Центарот за политичка едукација при Левичарскиот Институт Рацин, беше одржана обука за советниците на Политичката партија Левица, како избрани претставници во локалните единици ширум Република Македонија.

На средбата беше направена координација помеѓу советничките групи во насока на детектирање и приоретизација на проблемите од локалната самоуправа, кои имаат иста или слична природа во сите локални заедници.

Една од главните цели на обуката беше зацртување на заеднички и координирани активности, иницијативи и приоритети, кои Советниците ќе ги преземат согласно нивните надлежности како избрани претставници во Советите на локалните единици од кои се дел.

Во рамки на обуката беше утврдено дека социјалните политики и социјалната заштита на најранливите групи остануваат приоритет на советниците избрани во локалните единици од редовите на Левица.