АктуелноИнтернационално

Воената коалиција со Израел ја бомбардираше Сирија за време на пандемија

На видео-снимката објавена на Твитер се гледаат сириските противвоздушни системи како го бранат Дамаск од воздушното бомбардирање на Израел. Бомбардирањето се случило денес, во раните утрински часови. Воената агресија на Израел против Сирија е поддржана од САД, Велика Британија и ЕУ.

Сириската новинска агенција објави дека сириската одбрана пресретнала неколку ракети над Дамаск, лансирани од либанскиот воздушен простор. На видеото се гледа како сирискиот ракетен штит соборува неколку проектили, наводно испукани од израелските одбранбени сили од либанскиот воздушен простор.

Нападот се случи за време на светска пандемија и криза, како и за време на првите денови на исламскиот празник Рамазан,  кој започна на зајдисонце на 23 април.

Израел рутински ја бомбардира територијата на Сирија под изговор дека ги напаѓа иранските позиции, при што Дамаск ваквите напади ги осудуваа како брутално прекршувања на нејзиниот територијален интегритет.