Мециновиќ: Буржоазијата му помага на малограѓанството

  • Фејсбук статус на Амар Мециновиќ – Портпарол на Политичката партија Левица

Дечки, малце ви се измешани поимите. Малограѓанство: Petit bourgeois /pəˌti ˈbʊəʒwɑː,ˌpɛti ˈbʊəʒwɑː/

Не е малограѓански да слушаш турбофолк, да оговараш или да си простодушен.

Малограѓанство е кога имаш еден стан/нива плус од онаму каде што живееш; имаш социјална позиција; или поседуваш ограничени средствата за производство, и поради очајната желба да заработиш на тоа максимално, животните вредностите ги согледуваш низ призма на владејачката класа, стауваш економски конзервативен и индивидуалист за да ја заштитиш потенцијалната вредност на смешниот број на добра и средства за производство кои ги поседуваш во споредба со онаа класа кон која е наклонет економскиот модел кој го штитиш.

Во суштина, буржоазијата му помогна на малограѓанството, сопствената дефиниција да ја испроектира на тие под нив, и да се ослободи од одговорноста, рационализирајќи дека народот е прост и тоа го кочи општеството.

Не, кочницата е конформизмот на вистинското малограѓанство, кое мисли дека ако се погодат коцките доволно добро, со тоа што малце го поседува, ќе успее доволно луѓе да оштети и да се обогати – вистински да влезе во класата чии вредности ги смета за апекс на човечката состојба.