Годишна изложба на дела на Родољуб Анастасов од колекцијата на Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов” во Музеј на град Скопје

Денес на 06 декември 2023 год. (среда) со почеток од 19.30 часот во Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов”, Музеј на град Скопје, ќе се отвори годишната изложба на дела на Родољуб Анастасов од колекцијата на Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов”.

Станува збор за презентација на 30-ина дела од најзначајните циклуси на авторот Родољуб Анастасов, кои се дел од колекцијата на Галерија ”Јустина и Родољуб Анастасов” , вредна донациска збирка од околу 400-ина дела од различни временски периоди (создадени од 1957 до 2010 год.) и претставува своевиден пресек на повеќе ликовни стилови и тенденции во современата македонска ликовна уметност. Овие дела се белег за автентичниот и единствен креативен опус на Анастасов. Овогодинешната изложба претставува еклектичен избор од неколку циклуси на Анастасов, слики од циклусот на кој му е најдолго посветен – “Човек и простор”, “Човек и време”, “Во потрага по изгубениот простор”, импресивните цртежи од циклуситe “Делување на елементите”, “Промена на обликот”, “Трансфигурирање”, создадени во периодот помеѓу 1957 – 1960 година, и кои припаѓаат на т.н. енформелска лабораторија.

Изложбата ќе може да ја посетите од декември 2023 до декември 2024, во Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов”, Музеј на град Скопје.