Јованов: На 8 мај или ќе покажеме зрелост или ќе направиме историска грешка

  • Фејсбук статус на проф. Тамара Јованов

Сега, реално за ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ кои ни го одредуваат животот не само во наредните 4 години, туку и иднината:

Понудата за избор е јасна

1. Големите коалиции со машинеријата (сдс или дпмне)

2. Сдс 2 во ново руво (знаеме кои)

3. Левица

4. Уште неколку други помали вонпарламентарни

Сега, набрзинка премотај си го филмот од 1991ва до денес:

– Кој како зборувал, а потоа како делувал во Собранието и што направил за народот и државата.

– Кој ги окупира и цица јавните институции и администрацијата со партизација и партиски војници.

– Кој и како ги троши народните пари.

– Кој со кого коалицирал и тргувал за власт.

– Чии и какви политики не’ доведоа дотука, кај што сме.

– Кој направил штета на народот и државата, а кој не.

– Кој е со амин од Калето, за странски влијанија и политики, а кој не.

– Кој е корумпиран, па амнестиран, а кој не.

– Кој ги устоличи терористите на највисоки позиции, а кој ги запираше нивните шетни идеи.

– Кој жестоко се борел против сите штетни политики, а го застапувал јавниот интерес, чесно.

33 години се доволен период за ДОКАЗИ и проценка.

Сега, избери си народни претставници од понудените.

Кого и како го бираш (Интимно во себе):

1. Дали се приклонуваш кон извесен победник, од страв, несигурност или инерција?

2. Дали бираш за краткорочна лична корист?

3. Дали бираш оти си зависен од некои од нив и без партијата пропаѓаш?

4. Дали бираш принципи, потврдени во пракса за општото добро и интерес?

5. Дали не ти е гајле, па оставаш другите да ти решат.

Кого и како го бираме – такви сме!

Ќе се преброиме – кој од сите набројани ќе бидат во поголем број, тие ќе диктираат како ќе живееме!

На 8ми мај, имаме прилика да покажеме или висока политичка зрелост или да направиме една од најголемите историски грешки, досега.

Баталете ветувања, надувани балони!

Баталете извинувања и каења по сценарио за манипулација.

Баталете празни флоскули за обединувања без принципи.

Сетете се – ПО ДЕЛАТА ЌЕ ГИ ПОЗНАЕТЕ!

Бирајте!

На нас е!