Мајсторите завршија, денес потписи собираат чираците

Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи се осврна на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ, денеска да се собираат потписи за нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановска-Давкова.

– Мајсторите завршија, денес потписи собираат чираците – напиша тој.

Иако зад кандидатурата на Силјановска-Давкова застанаа најмалку 30 пратеници, со што е задоволен законскиот минимум, сепак раководството на партијата донесе одлука и да се собираат потписи.