Поранешниот директор на Онкологија на суд- не му препишал лек на пациент во 2018
На поранешниот директорот на Клиниката за онкологија и радиотерапија д-р Нино Васев, денес во Кривичниот суд му се судеше за несовесно работење за предмет од 2021 година дека пациент починал откако три месеци не му бил препишан лек за меланом.
Кога го напушти судот ги избегна медиумите и не одговори на новинарските прашања за скандалот со злоупотребата на лекови на Клиниката за онкологија. Според обивнението, Васев како директор на Онкологија на пациент со меланом не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018.
Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол сами да си набават лекови од соседна држава. Денешното рочиште се одложи затоа што ниту еден од тројцата повикани сведоци не се појави.
Превземено од: Kanal5.com.mk