Левица: Работници вие сте столбот на општеството – поддршка на вашите права и за синдикатите

  • Соопштение на политичката партија Левица

Во пресрет на 1-ви мај, #Левица како единствена Партија на трудот дава поддршка на утрешните протести организирани од синдикатите во Република Македонија.

Организираниот труд е искрата во модерното време во кое владее профитот како главен двигател на политичките текови кои создаваат богатсво за малкумина потиснувајќи го мнозинството. Оваа држава ја одбраниле и изградиле работниците, а ја ограбиле великопоседниците.

Левица има најопсежна и суштинска програма за трудовата политика – како ваша Партија, на широките работнички маси. Ни треба суштинска промена, не лажна козметика, и тоа:
– 6 часовно работно време;
– Укинување на договорите на определено време;
– Зголемување на минималната плата на 2/3 од утврдената синдикална потрошувачка кошница;
– Задолжителна исплата на платите до секој седми во тековниот месец;
– Задолжителна дупла дневница за работа за викенди и празници;
– Повторно учество на работниците во Управните одбори на претпријатиета;
– Проширување на дефиницијата за професии со бенифициран стаж за трудово интензивни професии;
– Здравствено осигурување и во случај на неисплатени плати и неплатени придонеси од страна на работодавците;
– Воведување на дополнително татковско отсуство, за новородено дете; и многу други мерки кои ќе го вратат вашето достоинство.

📢 Работници, вие сте столбот на општеството и без вас не може ништо – пробудете се и зграпчете ја политичката моќ назад во свои раце!