Официјално попишани колку избирачи – Крмов најави услов за идна влада поништување на пописот

Со официјално попишани 1.832.696, директорот на ДЗС, Апостол Симовски го прогласи контроверзниот попис за успешен. Прашањето кое се наметна во јавноста е како на престојните локални избори ќе можат да гласаат 1.824.864 полнолетни граѓани, што е речиси иста бројка како бројот на попишани.

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, на прес најави дека Левица не го признава пописот и услов за формирање идна влада ќе е поништување на истиот.

„Ако во Македонија има издадено помеѓу 2.400.000 и 2.500.000 државјанства, а овој попис го изедначи државјанството со резидентното население, значи ние имаме 200.000 до 300.000 непопишано население. И покрај сите фалсификати, и покрај сите закани, ние имаме 300.000 лица кои се непопишани. Ние овој попис не го признаваме и деновиве планираме да испратиме стручно писмо до сите меѓународни институции за да ги известиме за недореченостите околу пописот.”