Ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ќе го надгради договорот со Бугарија

Високиот функционер во ВМРО-ДПМНЕ, стратешки партнер на Христијан Мицоски и советник на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев најави дека ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ќе го надгради договорот со соседна Бугарија.

-Таму стои во Член 13 Став 2, договорните страни имаат право по дипломатски пат да поднесат предлози за подобрување на Договорот во насока на подобро имплементирање на одредени одредби од договорот и тоа во рок од една година едната или другата страна треба да одговори. До сега поминаа две години од тогаш. Ние можевме да предложиме многу концизно, јас сум секогаш за тоа дека ако ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта, се надевам дека така ќе биде ние апсолутно тој договор мораме да го надградиме во насока на позитивизам во насока на позитивна енергија и градење на тоа што не поврзува сега, вели Ѓорчев.