Апасиев: Кога Aлбанци учат посебно тоа е човеково право, а за Ромите е сегрегација?

Чекајте малце другари. Збунет сум од најновото мислење на Антидискриминаторската комисија, прашува Димитар апасиев, лидерот на Левица.

-Како тоа одделувањето на албански ученици во посебни паралелки е “ЧОВЕКОВО ПРАВО”, а одделувањето на ромски ученици е “СЕГРЕГАЦИЈА”!? Ја па мислев дека и двете се сегрегација! Така бар не’ учеа на факултет.

Ај некој експерт за малцински права, да ме просветли, додава тој.