Левица во втор обид да ги укине банкарските провизии

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Откако минатата година предлогот за законски измени на пратениците од #Левица за ограничување на банкарските провизии и надоместоци не помина во Собранието, сега во повторен обид, со пратеници од власта како иницијатори повторно овие измени ќе се најдат во законодавниот дом.

Во изминатите неколку години, од пандемијата, големите банки како Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје бележат рекордни и нереални профити директно на штета на буџетот на граѓаните. Ваквата добивка е резултат најмногу поради зголемените приходи од провизии и надоместоци, кои се сѐ поголеми од година во година.

Левица останува до крај во борбата за законско решение со кое ќе се намалат и ограничат провизиите и надоместоците, со што овие навидум „безначајните“ трошоци, ќе останат во буџетот на граѓаните. Апелираме и останатите парламентарни партии да го поддржат овој предлог на Левица и за прв пат да застанат во одбрана на интересите на обичните граѓани, а не да бидат во служба на лихварската елита и нивниот капитал.