Нема поголем куфур од злоупотреба на државната каса (Beytü’l-mal)

  • Став на Реџеп Исмаил – Член на Президиумот на Политичката партија Левица

Директорот на оваа Агнеција е некојси Дритон Небиу, кој, замилсете, се пофали дека од заедничката каса/имот, каде што се слеваат пари на граѓаните (Beytü’l-mal – државен имот) си подарил дар на Џамија?! Великодушно, нема што, секако, и 100 стапа на туѓ грб се ништо…

Настрана тоа што го нарушува начелото на секулраност, за кое треба да реагираат соодветните институции, туку тој, со вакво манипулативно и недомаќинско трошење на, она што во исламот се нарекува Beytü’l-mal, како имот на заедницата, тој парви еден од најголемите гревови спроед исламските принципи – расипничко трошење на парите кои треба да се користата за доброто на заедницата, оти тоа се пари собрани токму од членовите на заедницата. Ова особено доаѓа до израз кога некој е одговорен за дел од државната каса во заедница во која нивото на социјална загрозеност е прилично високо.

Божјиот пратеник Мухаммед, во своите преданија стотици пати предупредува на спесифичноста на гревот како последица од злоупотребата на заедничкиот имот (Beytü’l-mal). Имено, тоа е така поради фактот што, при злоупотреба на овој имот, тешко е да добиеш халал (прошка) од оној чиј имот си злоупотребил, како и опортунитетната корист за заедницата која си пропуштил да ја задоволиш со злоупотребата на таквиот имот.

Впрочем, како што предупредува и Куранот, во сура IV, ајет 10: „ Бидете сигурни дека оние кои го злоупотребуваат имотот на сираците, тие навистина само оган во своите стомаци фрлаат; тие наскоро, во страшни маки ќе бидат втурнати“.

Се надевам дека свештеникот на Џамијата ќе биде свесен за сето ова и ќе го одбие овој „дар“ на бирократскиот службеник, диркеторот Небиу.