Мојсоска: Одродените социјал-демократи ќе завршат на буништето на историјата
,Левица како работничка партија е противтежа на анационалната олигархија која беше креирана во 90-тите, посочи Јована Мојсоска од Левица на народниот собир во Охрид.
-Нашата борба во Собранието е единствената причина зошто денес немаме Бугари во устав. Да не беше Левица која единствена повика на протести, ние ќе гледавме фашистички клубови во секој град во државата. Ние ниту сме во спрега со моќниците кои се поврзани со секоја власт, ниту сме уценети и затоа нашите политички непријатели знаат дека со нас не се преговара за непринципиелни работи.
-Додека ја обвинуваат Левица дека е во коалиција со СДС и ДУИ, само против Талат Џафери #Левица е единствена партија која има поднесено ДЕВЕТ кривични пријави и услов за влада ќе биде процесуирање на овие кривични пријави против амнестираниот дезертер.
И Левица ќе биде факторот против бугаризацијата на Уставот, додека одродените социјал-демократи ќе завршат на буништето на историјата, додаде таа.