Исмаил: Одговор на прашањето – Кој се плаши да коалицира со ДПМНЕ?

  • Пишува: Реџеп Исмаил Хактан – член на Презее
  • Со наближување на денот на парламентарните избори, закажани за 8 ми мај, и речиси сигурниот пад на СДСМ, коалицирањето со ДПМНЕ како партија која извесно е дека највероватно ќе има најповеќе освоени мандати, почнаа и разно-разните небулозни и „салто-мортале“ „аргументи“ во врска со коалицијата на идната власт. Еден таков сличен обид е и оној на професорот Дејан Трајковски, на кој подолу сакам да обрнам внимание и да му одговорам на неговото прашање: КОЈ, но и ЗОШТО се плаши од коалиција со ДПМНЕ, како и на прашањето: кој и зошто и на КАКОВ ОСНОВ, ВОДЕН ОД ШТО е согласен да коалицира со ДМНЕ. Ова го правам пред се поради мојата верба во негововите искрени намери и заложби, иако, позонавајќи ги ставовите на проф. Трајковски, помалку и сум разочаран од неговата одлука да го поддржи проектот ЗНАМ на овие избори.
  • Веднаш да почнам со одговорите а потоа и ќе елаборирам за истите:

  • – КОЈ се плаши од коалицрија со ДПМНЕ?
  • Сиот македонски народ, и сите нормални луѓе кои скаат веќе еднаш да престане оваа голгота на поделена и парарелна држава; сите оние кои Републиката ја сакаат унитарна, суверена и воено неутрална надвор од канчите на злосторничкото воено здружение НАТО; сите оние кои Македонија сакаат да ја видат повторно на АСНОМските корени, а не Македонија НАТО-вска, русо-фобска, сино-фобска, и Репбулика, која со Законот за двојазичност, со територијална поделба, со Изборниот законик, со Пржинските договори, со спомениците на УЧК ширум земјата, со високи функционери во државната служба со балистички идеи и идеологија, со третманот на државните инсигнии во западна Македонија, со Охридскиот договор и озаконетиот балансер за етнички вработувања, со Преспанскиот и Бугарскиот договор; со целокупиот политички систем и поставеност на државниот апарат како дефакто федерална држава, а чиј народ, во друштвото на НАТО и ЕУ, континуирано е омаловажуван, разделуван, народ чиј национален суверенитет и интегритет е систематски уништуван со крајна цел истиот да биде разделен исто како и во Втората светска војна, од страна на нео-фашистичките политички сили, Бугарија и америчкиот ѕионистички протекторат, Косово!

  • – ЗОШТО се плашат од коалиција со ДПМНЕ?
  • Затоа што на патот во НАТО, по патеката поплочена од срамниот Преспански договор, со „бугари во устав со одложено дејство“, дополнителна либерализација на патот кон ЕУ, со рамен данок и даночен рај за странските (читај европски) инвестиции, со санкции кон Русија и Исламската Република Иран и ред друи пријателски земји, со забрана за соработка со Н.Р.Кина, со кредити од ММФ и прокети по желба на Светска Банка, со рудници на смрта на истокот од Македонија, голготата на македонскиот народ и осупувањето на неговата држава ќе продоложи исто како и до сега. АСНОМскиот сјај никогаш нема да го врати а државата ќе отиде во неповрат со крајно потиснување и задушување на националните и културни права и егзистенцијата/историската присутност на еден народ!
  • Уште и ако тука се додаде и фактот дека првиот ешалон на ДПМНЕ се оние истите луѓе кои беа подани послушници на Груевски, и соучесници во неговата власт со ДУИ, и кои не го напуштија лидерот кој ја продаде кучата коалицирајќи со ДУИ, туку токму тогаш кога нивните западни намесници му го „скршија моливот“ поради нивната нетрпеливост Макеоднија и официјално, правно легално, да стане полигон на НАТО и дефакто учесник во војната против рускиот словеснки братски народ, кои токму тогаш ги измија рацете од својот, дотогаш, толку хвалоспеван лидер.
  • Да провесоре, тоа што отпадоците на предавничкото СДСМ, партијата ЗНАМ, ќе стапат во коалиција на флоскули, не само што ќе се стопат во ДПМНЕ туку ќе биде и соучесници во уште една политичка епоха каде македонскиот народ, згроезен од една политичка злосторничка и предавничка клика ќе падне во скутот на другата исто таква.

  • Еве јас јавно ве повикувам да кажете кои се условите за коалицирање со ДПМНЕ? Флоскулата „ДУИ да падне“ професоре, исто како и јас, и вие знаете дека ни одблиску не е доволно. Треба да падне и Преспанскиот договор, и НАТОизацијата, и оваа кобна Француска (бугарска) рамка, и овој Охридски договор кој врши етничка наместо политичка верификација на државјаните на Македонија, треба да падне и територијалната поделба и
  • -те изборни единици, заедно со Законот за двојазичност кои дефакто ја имаат федерализирано државата. Понатаму, потребно е да падна и Бехтел & Енка, како и да падне монополот на ЕВН, Т-мобиле, исто како што е насушно потребно да паднат и концесиите на рудниците на смртта, нелегалните вили и хациенти низ заштитените подрачја на Шара, стотиците згради низ Чаир, Центар, Кисела Вода и Карпош, дивите депонии низ Ѓорче, концесиите за фотоволтаици ширум земјата на земјоделско земјиште – и НАЈПОСЛЕ професоре, насушно потребно е криминалците и предавниците да паднат во ќорка, а не само ДУИ да падне од власт!

  • Понатаму, велите дека албанската „опозиција“ на ВРЕДИ требала да биде во власта за да, цитирам, „интересите на граѓаните Албанци би биле нормално застапувани“? Добро, граѓански легитимно, но ќе се осмелите ли да кажете кои се интересите на ВРЕДИ за кои се залагаат, и дали тие се различни од оние на ДУИ? Верувам не, особено нема тоа да се осмели да го признае ДПМНЕ, па еве јас ќе би кажам, а ко не се согласувате идете и видете ја нивната програма, (која патем ја нема на македонски воопшто), и проследете ги јавните изјави на официјалното раководство на оваа „албанска опозиција“. Накратко, нивните заложби се многу повеќе идејно балистички од оние на ДУИ. Тие професоре, освен што официјлано се во координација и дел од косовските власти (за што АНБ и ДБК треба да се позанимаваат по службена дожност, наместо да ловат руско и кинеско влијание), уште и се залагаат за до крај почитување на Преспанскиот договор, проширување на правата на албанците над рамките на ОРД, изедначување на албанскиот етникум и негова парарела со македонци како нација, тие се залагаат за Бугари во устав со исто право како и албанците (верувам добро ви е позната оваа фашистичка оска), и ред други работи кои ама баш ништо подобро не ветуваат за статус квово, напротив, голготата на македонија во овие околности само сакаат да ја унапредат! И во однос на ова професоре да ви расчистам некои дилеми за да не се бламирате при спремање терен за коалиција со ДПМНЕ – нема никаде, ниту во устав ниту закон, не постои никаква правна облигациона причина да мора албанска партија да има во извршната власт! Партите професоре не се албански туку македонски, сите, дури и оние на Ахмети и Таравари, како што и театрите не се албански или турски туку македонски на албански или турски јазик! Капирате? Па да, сигурен сум во тоа дека многу добро го знаете ова, НО како што и обично бива со неидолошките и непринципилени инстант политички ангажмани како што е прокетот ЗНАМ, тоа го сметате бза секундарно, одбегнувајќи да го коментирате и поставувајќи перде за и јавноста да не може да го перцепира истото.
  • Оттука, без нимал сомнеж може да се заклучи дека веќе договорената колиција на ДПМНЕ со ВРЕДИ како и шминката на истата со прокетот ЗНАМ, не е фундирана врз никакви интереси за државата и нацијата (македонскиот народ) туку врз обична манипулација со народот, злоупотреба на неговата потисната положба како и желбата за власт по секоја цена.

  • Така да, Левица нема да учествува во власта само заради власт! Токму затоа Левица понуди Македонска платформа како пандан на Тиранската, чиј приоритет во овој историски момент е подметнување на Софиската платформа во Скопје со која ќе надвисне и бугаризацијата на Македонија во иста форма во која од 2001 година надвисна косоваризацијата. Но овој пат бугариацијата е потребна на оној дел од Македонија кој сеуште може да се организира и да си ја зачува барем оваа територија за која со крв се изборил жустро бранејќи се од балистичките и бугарските фашистички банди кои во име на своите западни фашистички патрони и мецени ја зграпчиле Македонија.
  • Издржавме децении ќе издржиме уште еден мандат – власта е народна само во име на народот а не во име на „соживотот“ и туѓите интереси.
  • иумот на политичката партија Левица