Крмов: Левица е единствена принципелна партија

  • Во интервју на емисијата „Што мисли народот“ за ТВ Стар, Крмов зборуваше за апсурдноста на пропагандата која ја водат СДСМ и ДПМНЕ. Тој вели дека партиите кои гласаат заедно за исти законски решенија, ја обвинуваат Левица која е единствена против истите штетни политики дека е со некому во коалиција. Изјавите и обвинувањата кон Левица тој ги нарече пантомима. Во прилог ви ја пренесуваме неговата изјава:

Колку им е смешна пропагандата, колешката дафина велеше ако имаме атомска бомба ќе ја фрлиме во собранието. Колку е тоа смешно. Прво треба да имаме атомска бомба, второ треба да сме на власт, за да можеме да ја фрлиме и трето зашто би ја фрлиле во собрание.

Тоа е да се чудиш кој им работи во центар за комуникации, мислиш луѓе со пантомима кои работат, па не се спретни со зборови. Како може ние да сме врзани со ДУИ-СДС или ДУИ-ДПМНЕ, кога само ние гласавме против а сите партии гласаа за. Имавме десет гласања за амандмани, трите партии гласаа уедначено, а само левица беше од другата страна, и сега двете страни велат дека сме со едните и ли другите. Зар ова не е најдобар показател дека не сме со никого.

И единствена принципиелна партија, нешто што ни е насушно потребно овој период. Гледате со законот за медиуми буквално си пукавме во нога. Гледате, карикирам, може два, три пратеника ќе не чини тоа што сме во медиумска блокада година и пол. Било која друга партија да беше, позади затворени врати ќе се договореше, ќе дојдеше на Седница да „џафка“ два дена и ќе кажат, ама ние гласавме против сега враќање груевизам. Ние не, го блокиравме и тука сме кај што сме.