Мециновиќ: Народот го одби францускиот предлог

Дајте еднаш да ги испочитуваме позициите на народот – народот го ОДБИ францускиот предлог! Зошто сите работите на амортизација на ова чувство?! Левица вели – дајте еднаш со крената глава и со достоинство да бараме промена на условите кои задираат во нашиот идентитет, изјави Амар Мециновиќ, носител на листа на Левица во Изборна единица 2.

-И реплика кон ЗНАМ – дали кога агитиравте за Преспанскиот договор со кој се ИЗБРИША АСНОМ од Уставот дали мислевте дека тоа ќе биде последниот услов? Дали бевте уверени на референдумот кој Заев го организираше и вашиот претседател беше во раководство, референдум кој пропадна – дали мислевте дека тоа е последно и сега дури ви текна дека треба подоинствено да постапиме?!”