Здравевски: Мамо ова беше за тебе
- Фејсбук статус на Петар Здравевски – уапсениот активист на Црвена Младина
Момчето кое беше уапсено за време на Протестот против убиството на Онкологија се огласи на неговиот фејсбук профил по вчерашните случувања.
Имено, МВР го приведе Здравевски поради прекршок ”Испишување на графит на јавна површина” и му изрече глоба од 50 евра.
Петар Здравевски – активист и член на подмладокот на политичката партија Левица – Црвена Младина има директно искуство со непрофесионалноста на персоланот на Онкологија, неговата мајка ја губи битката со ракот токму во оваа установа.