Покрај банките и ЈПДП со зголемен профит наплатен од граѓаните

Јавното претпријатие за државни патишта од граѓаните по основ на патарини во вториот квартал годинава наплатило 745.037.340 денари или 12 милиони евра. Споредбено со истиот период од минатата година оваа година се наплатени 89.166.912 денари или 13.6 проценти повеќе а во однос на минатата година зголемен за 3.48 проценти е и приходот од патна такса што се плаќа при регистрација на возилата .

Додека возачите се жалат на катастрофалните патишта со огромни дупки од кои се уништуваат возилата,додека за реконструкција на 10 километри автопат се потребни и повеќе од три години и додека сеуште нема ниту најава за завршница на патот Кичево-Охрид ЈПДП си наплатува огромни средства од граѓаните за патарини.

Имено,на 150 километри пат од Скопје до Гевгелија има пет патарини за кои во еден правец наплаќа 360 денари.

После патарината кај Петровец, патот се прави и иако работите требаше да бидат завршени пред една година,беше раскинат договорот со градежната фирма а во меѓувреме на терен стојат само знаците за работа на пат , работници и механизација нема но има наплата на патарина.

Автопатот Скопје – Штип, иако најнов, сепак во лоша состојба поради свлечишта и често едната лента од патот е затворена, меѓутоа со постоењето на две патарини, сега патот од Скопје до Штип чини 160 денари во еден правец за пат од 47 километри.

Иако пратениците на Левица со предлог-закон интервенираа со намалување на висината на енормно високата цена на патарините за 50 проценти. Дополнително, со предложените измени, се предвидуваше и одземање на ингеренциите на Владата за регулирање на патарините и трансферирање на ингеренциите на Собранието сепак централното владеачко мнозинство на СДС и ДУИ не го поддржи овој предлог закон.

Лошите патишта,пропаднатите тендери,раскинатите договори,незавршените патишта,најскапите патарини во регионот и високите суми наплатени од буџетот на име на патни трошоци од фунционерите остануваат да бидат на грбот на народот со поддршка на СДС и ДУИ.