Рускиот амбасадор со порака до Македонците: Благодарност до сите кои се пријателски расположени и негуваат симпатии кон Русија

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин за време на церемонијата по повод Денот на руската дипломатија пред споменикот “Рускиот крст” во Битола упати порака до сите македонски граѓани:

„Би сакал да изразам голема благодарност до сите македонски граѓани кои се пријателски расположени и негуваат симпатии кон Русија – за вашата позиција, искрените зборови и писмата кои продолжуваме да добиваме. Ја чувствуваме масовноста на вашата поддршка и убедени сме дека пријателството меѓу нашите народи, вкоренето во длабочините на вековите и поткрепено со духовно и културно сродство и заеднички словенски корени, е надвор од време и политика“. – посочи Баздникин.