Ајде вмроиди, масовно за кандидатката кај нотарот на ДУИ во Ѓорче, советува Апасиев
ВМРО-ДПМНЕ утре ќе започне со собирање на потписи за својата кандидатка Гордана Силјановска-Давкова, која вечерва беше номинирана како единствен кандидат на партиската конвенција.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи ги советуваше членовите на најголемата опозициска партија, како најбрзо да ги обезбедат потписите.
– Ајде вмроиди. Утре сите кај нотарот во Ѓорче од ДУИ, да покажете „масовна поддршка” за кандидатката. Да го напуните ко брод, по тарифа, порача Апасиев.