Во три министерства предводени од ДУИ распишани огласи за над 220 вработувања

Бројните критики за зголемувањето на бројот на вработени во јавната администрација, која и онака дава лоши услуги не се намалува. Негативните оценки за нејзината работа стигаат како од домашните експерти така и од надворешните фактори, меѓудругото, во оценката добиена од Извештајот за напредок на Р. Македонија, од страна на Европската комисија, таа е оценета прилично критички и негативно.

Негативните оценки добиени и од Европската комисија и од експертската јавност, не им пречи на кадрите од ДУИ, кои речиси целосно автономно раководат со министерствата со кои управуваат, да го зголемуваат бројот на вработени. Изминатиот период, во само три министерства предвони со Министер од редовите на ДУИ, се распишани огласи за вработување на повеќе од 220 луѓе.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е апсолутен рекордер по бројот на лица што планира да ги вработи. Расорот што го предводи вицепремиерот Артан Груби, кој не редко во критиките од опозицијата е нарекуван „Премиер“, распишал оглас за дури 166 вработувања. 83 од овие вработувања треба да бидат помлади соработници за унапредување на употребата на јазиците на етничките заедници, коишто ќе работат за плата од 22 илјади денари месечно. Уште 83-ца треба да бидат помлади соработници за превод, лекторирање и редакција, исто така, за плата од 22 илјади денари.

Засега ова министерство нема образложено до јавноста, од каде се појавува потребата за вакво зголемување на бројот на вработените, веројатно е дека управуваните министерства од ДУИ сметаат дека не и должат објаснување на јавноста, единствено е јасно дека за нивната заработувачка народот ќе плати.

Нови вработувања бара и Министерството за финансии. Со него управува Фатмир Бесими, а неговиот пан е да се вработат речиси 70 луѓе. 17 за во самиот ресор (советници, соработници, референти, но и раководители на одделенија) и уште 51 извршител во Царинската управа. Финансии распиша оглас за цариници на Богородица, Блаце, на скопскиот аеродром, цариници во Битола, но и советници за во Централа.

Овој тренд на нови вработувања продолжува и во Министерството за животна средина и просторно планирање. Насер Нуредини, можеби не со исто темпо, но не ја прекинува оваа традиција на вработување во јавната администрација предводена од неговата ДУИ. Во министерството со кое управува се бараат вкупно 22 административци – раководители, советник за водење регистри на загадувачи, разни други соработници.

Сите овие вработувања граѓаните ги гледаат како политички договор, пред се помеѓу СДСМ и ДУИ, од сето ова не очекуваат никакво подобрување во јавните услуги и сметаат дека единствено служат за задоволување на апетитите на партиската војска.