Апасиев: Време е народот да избере конечно – не од помалото зло, туку нешто добро

Во интервјуто за ТВ 24, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, говореше за погрешните политики на владата на СДСМ и ДУИ, кои се погубни за Македонија:

Поразително за нив како власт е што успеа сите идеали да ги продадат, и тоа за ништо – го променија името, станавме северномакедонци за да влеземе во НАТО. Гледаме дека немаме никакви придобивки. Секој втор ден откога сме членка на НАТО имаме дојави за бомби – побезбедни бевме надвор од НАТО, отколку во НАТО. Тоа е лузерската политика на заевизмот, односно Заев си отиде, заевизмот остана преку Таче и тука е веќе народот кој треба да го избере конечно – не само помалото зло, туку еднаш да избере и нешто добро.“

Понатаму, Апасиев истакна дека од Левица очекуваат драстично зголемен број на пратеници во собранието од своите редови на наредните парламентарни избори:

На наредни избори ние веруваме дека ќе направиме значителен прогрес со двоцифрен број пратеници. Ние со двајца даваме ваков отпор, а не пак со дванаесет или повеќе пратеници. Тоа би било вистински политички фајт внатре во собранието.“