Крајевски: Републиката ја губи својата економска независност

  • Фејсбук статус на Јован Крајевски – Член на Президиумот на Левица

Вака Републиката ја губи својата економска независност и влегува во должничко ропство:

Власта ги намалува даноците за да поттикне странски инвестиции. На локалната олигархија и одговара и го плаши народот дека ако даноците се повисоки, странските инвестиции ќе си одат;

Се даваат секакви поволности за странските инвестиции (не плаќаат придонеси за пензиско и здравствено, плаќаат поефтина струја итн.). За возврат, власта добива вработувања за партиски кадри, па и по некое директорско место за некој роднина;

Дупката во буџетот се полни со задолжувања. Тие долгови се исплаќаат со земање нови долгови – некогаш со подобра, а некогаш и со полоша каматна стапка;

Државата должи премногу. ММФ и Светска Банка си ги бараат парите назад. Власта не смее да ги зголеми даноците (се врзала со странските инвестиции), па прифаќа мерки за штедење;

Следуваат отпуштања од државни позиции, намалување на плати, зголемување пензиски граници, поскапување на јавните услуги, гасење струја по школи и студентски домови, прекинување со градба на клинички центри, приватизации итн;

Цената ја плаќаме сите, освен странските инвестиции и локалната олигархија.
Македонија го укина целосно прогресивното оданочување. Данок на екстра-профит не воведува. Задолжена е 7.6 милијарди евра. Ќе се задолжи уште 1.7 милијарди евра во 2023.

Кој ќе ја плати цената на ова должничко ропство? Ние или олигархијата?