Сега немате изговор, потпиши се за Ванковска и после работа!

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, уште еднаш ги повика симпатизерите на партијата да се потпишат на кандидатурата на проф. Билјана Ванковска

– Потпиши се за Ванковска – и после работа! Да, за чудо, подрачните одделенија на ДИК во вашите општини ќе работат секој ден (па дури и викенди) – до 20:00 часот навечер! Сега немате изговор: “А бе брат, на работа бев, не можев да излезам”, порача Апасиев.

РАБОТНО ВРЕМЕ НА КАНЦЕЛАРИИТЕ НА ДИК: Од понеделник до недела (секој ден вклучувајќи викенд) од 08:00 до 20:00 часот.