Како да се потпишам за Ванковска?

Од Левица ги објавија инструкциите како и каде да го депонирате вашиот потпис за претседателскиот кандидат Билјана Ванковска.

  1. Понесете лична карта или пасош за идентификација во подрачната канцеларија на ДИК;
  2. Упатете се се во подрачната канцеларијата на ДИК (Државна Изборна Комисија) во општината според адресата на личната карта (локациите можете да ги најдете со кликање на интерактивната мапа подолу или со повик на 24/7 контакт центарот на Левица на 071812519 и 071812687);
  3. Известете ги вработените во ДИК дека сакате да се потпишете на Образецот за собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на Република Македонија за Билјана Ванковска-Цветковска;
  4. Покажете го својот документ за идентификација и внесете го вашето име, презиме, матичен број и потпис на образецот.

    –   Ја поддржавте заедничката борба за подобро утре, порачуваат од Левица.

РАБОТНО ВРЕМЕ НА КАНЦЕЛАРИИТЕ НА ДИК: Од понеделник до недела (секој ден вклучувајќи викенд) од 08:00 до 20:00 часот.