Апасиев: Помина времето на лајкови, дојде времето на потписи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги повика членовите и симпатизерите на партијата да отидат во канцелариите на Државната изборна комисија (ДИК) и да го дадат својот потпис за кандидатурата на Билјана Ванковска.

– Епа, дечки, помина времето на лајкови. Дојде времето на потписи. Бујрум сите во канцелариите на ДИК, да им покажеме на душманите дека Левица не е “фејсбук партија”! Време за губење нема. Лична карта у џеб и правец у подрачните одделенија на ДИК во вашата општина (линк од локациите во коментар). Со среќа и да им покажеме дека можеме да им парираме на буржујските партии, порача Апасиев.

Рокот за собирање на 10.000 потписи е 15 дена.