Левичар е претседател на Колумбија за прв пат во историјата на земјата

Колумбиски политичар, економист и поранешен бунтовник Густаво Петро кој и претходно беше кандидат на претседателските избори во 2010 и 2018 година е новоизбраниот претседател на Колумбија.

Густаво, на 17-годишна возраст како студент се приклучил на радикалната левичарска герилска група движењето 19-ти април (М-19), која се појавила во знак на протест против изборните измами. Занимавајќи се со воена и политичка активност Густаво станал еден од водачите на групата, а бил избран и за Народен правобранител на Зипакира. Во 1985 година, тој бил уапсен за нелегално поседување оружје и осуден на 18 месеци затвор.

По преземањето на Палатата на правдата во Богота од страна на членовите на М-19, Густаво го искористил своето влијание за да преговара за мир со владата и помогнал да се смират радикалните активности на М-19 во 1990 година, по што следувала нивна амнеситја, а движењето формирало своја политичката партија Демократски сојуз М-19.

Откако М-19 била распуштена Густаво го продолжил своето образование и студирал на Економскиот факултет на Универзитетот во Екстернадо Колумбија. Образованието го продолжил на факултетот за јавна администрација на Папскиот универзитет во Богота каде што магистрирал економија, по што имал студиски престој во Белгија на Католичкиот универзитет во Лувен и Универзитетот во Саламанка.

Во 2010 година бил кандидат на претседателските избори на кои освоил 9% од гласовите, а во 2011 година поради голем број несогласувања со раководството тој го напушти Алтернативната демократската партија и создал свое Прогресивно движење со цел да учествува на изборите за градоначалник на главниот град на Колумбија.

Во март 2018 година, Густаво беше регистриран како претседателски кандидат од блокот Хуманистичка Колумбија. Во првиот круг тој доби 25% од гласовите, а во вториот круг освојува 42% од гласовите, заради што ја загубил изборната битка со кандидатот на десницата Иван Дуца.

На крајот на 2021 година, тој беше кандидат од блокот Хумана Колумбија и партијата Патриска унија на парламентарните избори, за подоцна на конгресните избори во 2022 година да биде прогласен за коалициски кандидат, по што освои пет милиони гласови, што претставуваа 20 од 102 места во Сенатот и 27 од 166 места во Претставничкиот дом.

Густаво Петро стана првиот левичарски претседател на Колумбија, откако го победи кандидатот на крајната десница Родолфо Ернандес во вториот круг од изборите.

Тој освои 50,5% од гласовите и неговата победа претставува голем пресврт за земјата, која со децении ја водеа умерените сили и конзервативците.