Апасиев: Левица е про ЕУ – единствено политиките на СДСМ и ДУИ се анти ЕУ
Во вчерашното интервју за „Аргумент +“, претседателот на Левица, Димитар Апасиев повторно потврди дека Левица не е анти ЕУ партија, туку дека тоа се политиките на СДС и ДУИ:
Левица е про ЕУ партија, но и дебатите кои се водат внатре во ЕУ се многу пожолчни отколку ние што мислиме. Не е се таму унисоно – да ги гледате ќе речете дека овие се анти ЕУ. Дебатите за реформа на ЕУ, скршнување лево или десно, за зелени агенди и таму се жолчни дебати, а не се како Маричиќ иделопоклонство кон златното теле ЕУ и толку. Од друга страна, политиките кои ги води СДС и ДУИ се суштински антиевропски. Сѐ што фатија, сѐ исушија. Ние сме држава со четири кризни состојби во исто време: енергетска, финансиска, здравствена, политичка… живееме во криза откако дојдоа СДС на власт и сите политики во срж им се антиевропски, а тие нас нѐ обвинуваат за анти ЕУ.“
Апасиев понатаму образложи на што се темели ова тврдење:
Не нѐ спасува нас ортодоксијата, туку ортопраксијата. Не што говорам, туку што правам. Ги уништуваат јавните производствени капацитети како РЕК Битола, за да можат да си увезуваат струја каде што имаат маржа од 10%. Фатете здравство, го уништуваат јавното, за да ќарат три приватни болници за милионски суми.“
Од друга страна пак, тој дополни дека Левица докажала со своите политики дека е народна партија, која македонскиот народ и држава ги става над сѐ, без оглед на дадените околности:
Наша беше идејата да ги ограничиме цените за лекување, Филипче нѐ убедуваше друго, за по две недели тие да го предложат истиот истиот закон. Нивните политики, иако се анти ЕУ, се толерирани, бидеќи го држат народот со свиткана кичма. Поличар кој го цени народот, нема да води такви сервилни политики. Затоа на странците им одговара СДС.“