Того официјално го повлече признавањето на Косово

„Ние во Того признаваме само една и единствена Србија“, – изјави Министерот за надворешни работи на Република Того, Роберт Дисе, на заедничката прес-конференција со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Тогоанскиот министер рече и дека 54-те африкански земји сочинуваат една третина од Организацијата на Обединетите нации, истакнувајќи дека српската дипломатија во еден момент ја напуштила Африка, но дека актуелниот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ ја вратил соработката, за што му се заблагодарил.

„Ве молам, добро ви оди, да не ја напуштате Африка. Ви благодариме за тоа. Сакаме посилна соработка во повеќе сектори, од образование до економија, да има поголема трговска размена. Би сакале да ја зајакнеме и соработката во областа на туризмот и земјоделството“, рече Дисе.

Српскиот Министер за надворешни работи, потсети дека традицијата на добри односи помеѓу двете земји има поставено темели уште за времето на Југославија.

„Србија, односно поранешна Југославија и Того се врзани со традиционално пријателство кое можеби во некои моменти било заборавено. Сакаме да ја обновиме и зајакнеме таа соработка и пријателство“, рече Дачиќ.

Министерот нагласи постоење на многу простор за подобрување на односите меѓу двете земји, нагласувајќи дека Србија мора да ги негува старите пријателства и да бара заеднички интереси со оние земји во светот каде што ситуацијата денес не е лесна.

„Србија е посветена на развојот на односите со африканските земји“, рече Дачиќ и потсети дека Того по неговата посета одлучи да ја повлече одлуката за признавање на Косово.

Дачиќ му се заблагодари за тоа и посочи дека 27 земји го повлекле признавањето на т.н. Косово, со што се отвора шанса за договори и дијалог.