Мадуро: Западот сака да ја уништи Русија за да го запре мултиполарниот свет

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро предупреди дека „медиумската диктатура“ и демонизацијата на Русија од страна на Западот може да доведат до „Трета светска војна“. Тој изјави дека кампањата од Западните земји на сите нивоа е насочена кон изолација и уништување на Русија со цел да се спречи развојот на „мултиполарен“ свет.

„Венецуела го осудува ова, Западните земји сакаат да влезат во војна за да ја растргнат Русија, да ја растргнат на парчиња, да ја уништат и да стават крај на надежта за мултиполарен свет каде што сите можеме да живееме“, – рече претседателот Мадуро на Националниот конгрес во Ла Гуаири.

Изјавата на венецуелскиот лидер уследи по гласањето во Генералното собрание на ООН, на кое Русија беше отстранета од Советот за човекови права. Русија беше исфрлена од клучното тело на ООН откако беше усвоен предлогот за суспензија на земјата со 93 гласа „За“, 24 „Против“ и 58 Воздржани.

Венецуела јавно се спротивстави на предлогот, но не можеше да гласа за мерката бидејќи нејзиното право на глас е суспендирано од јануари како резултат на заостанатите долгови кон мултилатералното тело поради санкциите наметнати од САД.

Венецуела и нејзината Боливарска револуција долго време ја бранеа идејата за мултиполарен свет, каде земјите ќе бидат ослободени од американската хегемонија. Претседателот предупреди дека оваа неконтролирана кампања може да доведе до „Трета светска војна“.