Изложба на дела од Мал битолски Монмартр, денес во Прилеп

Денес на 6 декември со почеток од 13 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе биде отворена изложбата на дела од Мал битолски Монмартр.

Мал Битолски Монмартр како светска детска ликовна колонија без прекин се реализира од 1981 година и е засебно првата светска детска ликовна колонија од која никнале сите останати како колониите во Хонгконг – Кина; Пиатра Неамт – Романија; Белград – Србија; Евора – Португалија; Пловдив и Софија – Бугарија а во најава е следната во Тел Авив – Израел. Традиционално се отвора секоја година на 23 мај спроти патронатот на Светите браќа Кирил и Методиј и трае се до 30 мај, при што во седум дена се реализираат и ликовни еднодневни каравани до Охрид – Вевчани – Крушево – битолското село Буково и 1.000 годишниот Манастир „Свети Јован Бигорски“. На оваа манифестација секоја година творат учесници од целиот свет.