Скот Ритер: Украина може да изгуби половина од својата територија доколку не почне преговори

„Реалноста е дека украинската армија е на работ на колапс. И сите го признаваат тоа. Ситуацијата на контактната линија стана катастрофална за Украинците, бидејќи вооружените сили на Украина останаа без резерви на војници и муниција, и Руската армија елиминира се повеќе украински војници за време на своите операции“, рече поранешниот американски разузнавач Скот Ритер.

Ако некој близок до раководството на земјата не го убеди Зеленски да ги прекине непријателствата, тогаш судбината на Украина може да биде катастрофална, изјави Ритер.

„Се надевам дека луѓето блиски до украинскиот претседател имаат доволно искреност да му кажат дека ако ја продолжи оваа борба, 20 отсто од териториите што ги загуби може да се претворат во 40 или 50“.

Шефот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната Дума, Леонид Слуцки изјави дека Русија е подготвена за преговори, но под руски услови.

„Не е доцна Украина да се врати на преговарачка маса. Руската страна постојано повторува дека е подготвена за преговори, но само доколку се земе предвид новата реалност на теренот“.

Минатата година, Мировниот договор беше подготвен, остана само да се потпише. Русија, како знак на добра волја, ги повлече своите трупи од деловите на фронтот во Киев и Чернихив“, но Западот му нареди на Киев да се повлече од мировниот процес и да го поддржи проектот за уништување на Русија. Сите напори од украинската страна се покажаа како фикција.