„Бели мугри“ – Разден на македонската поезија и култура!

25 ноември 1939 – Разден на македонската поезија и култура!

На денешен ден во градот Самобор во Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин, објавена во 4000 примероци.

Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавил под псевдонимот „К. Рацин“. Стихозбирката била дистрибуирана низ целата тогашна Југославија и во Пиринска Македонија и постигнала голем успех.

Дигитална верзија од малата, а голема книга на македонската поезија и на социјалната правда објавена во 1945 година, во издание на Агит.Проп. комисија при II О.К. на К.П.М. најдете ја на овој линк.

*Примерокот од книгата е сопственост на Јосиф Ќаевски – Перо, партизан- командант кој присуствувал на убиството на Рацин. Во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ пристига благодарение на неговиот внук Филип Димевски, чија претпоставка е дека се работи за илегално издание што партизаните си го делеле меѓу себе.