На ЕУ сме и небитни – За Македонија нема да се дискутира на самитот во декември

Темата „Македонија“ нема да биде ставена на дневен ред на самитот на Европската унија во декември кога ќе се разгледуваат извештаите за земјите кандидати, и подобро што е така, бидејќи ќе треба да се заклучи дека – не ги исполнила условите што се бараат за да ги продолжи преговорите за членство.

Ова е пораката од Виена околу нереалните очекувања кај нас дека може да продолжи процесот и без уставни измени и дека ако видат во ЕУ дека има отпор во нашата држава тие да се усвојат вака како што се напишани, Брисел ќе попушти и ќе дозволи одново да се разгледува преговарачката рамка. Уште повеќе во дипломатските кругови во Виена не се сигурни дека и по изборите кај нас, кога и да се, ќе поминат уставните измени, иако уверувањата од ВМРО-ДПМНЕ биле дека сега се неприфатливи за нив бидејќи им ги намалуваат шансите да освојат голема победа на изборите.

Според наративот кој се води, ЕУ ќе дозволи Бугарија да си ја спроведува својата националистичка агенда за сметка на интеграциските политики на Македонија, што не ја прави ниту прва земја ниту прв случај на злоупотреба на Унијата за остварување на империјалистички политики. Секако, ова би било невозможно доколку политичките партии застанат во одбрана на националните позиции, но, за жал, се поизвесно е дека партијата на ДПМНЕ чека да поминат парламентарните избори за да се впушти во спроведување на бугаризација на Македонија без последици по својот предизборен рејтинг.