Делегација на Левица положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев

Делегацијата на Левица – Карпош, положи цвеќе пред споменикот на великанот на македонската борба за независност, во дворот на студентскиот дом “Гоце Делчев”, по повод 121 година од неговата смрт.

Споменикот го најдовме онаков, каков што е и односот на власта кон се’ што е македонско – запоставен, а самата биста никој не знае каде се наоѓа!

Членовите на Левица го обновија натписот, а ќе настојуваме за враќање на бистата и одговорност за ова непочитување на најголемиот меѓу револуционерите!

Неговите зборови уште ја водат нашата борба: „Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите.“

За жал, и денес ги има таквите кои се лажат себеси, но повторно ги има и оние кои ги лажат другите дека иднината на Македонија лежи во рацете на надворешни фактори, дека сме мали и немоќни самите да се избориме за место меѓу другите народи.

Кажуваме одлучно НЕ за обидите за ревизија на историјата, преку негирање на придобивките и автентичноста на македонската национална борба!

Бараме РАСПУШТАЊЕ на разни историски комисии кои се користат како средство за оправдување на овој ревизионизам!

НЕ за внесување на Бугарите во Уставот!

Учителе, ја продолжуваме твојата борба.

Слава му!