Левица: Возможен е солидарен фонд за лекување во странство

  • Политичката партија Левица започна со општествено одговорна кампања, во која споделува како останатите земји од светот ги решава проблемите со кои се соочуваме во нашето општество. Од партијата со оваа кампања имаат за цел да покажат дека многу решенија за проблемите со кои се соочува народот и државата има едноставни решенија, но недостасува политичка волја. Статус квото може да се промени единствено со зголемување на политичката моќ на партијата. Денес тие споделија како во Република Српска е решен проблемот со здравствените услуги кои не може да ги испорача државата. Во прилог соопштенито од Левица:

Солидарниот фонд за дијагностицирање и лекување на болести, состојби и повреди на деца во странство е формиран на крајот на 2017 година во Република Српска со цел да се соберат дополнителни средства во согласност со Законот за солидарниот фонд за да се овозможи дијагноза и третман на деца во странство кога тоа не е можно во здравствените установи во Република Српска или во други здравствени установи со кои Фондот за здравствено осигурување на Република Српска има потпишан договор.

Средствата за Фондот за солидарност се собираат од повеќе извори и тоа од: Буџетот на РС во износ од 0,025% од остварените даночни и неданочни приходи во претходната фискална година, намален за износот на придонесите за социјално осигурување; Посебен придонес за солидарност на сметка на буџетските корисници, јавните претпријатија, установите, органите на управата, управните организации во износ од 5% од цената на купеното службено патничко возило, освен возилата на МВР и здравствените институции; Посебен придонес за солидарност во износ од 0,25% од платата на вработен во Република Српска; Буџетите на општините и градовите во износ од 0,025% од остварените даночни и неданочни приходи во претходната фискална година. Исто така, пари во овој Фонд за лекување на деца можат да донираат компании, претприемачи, физички лица, меѓународни организации и други заинтересирани.

Левица се залага за креирање специјален Солидарен фонд за брзо обезбедување средства за лекување во странство, кога лекувањето не е возможно да се изврши во земјата.

#ВозможноЕ, но од народот зависи!