Апасиев: Договорот со Бугарија да се раскине затоа што е владин договор

  • Претседателот на Левица Димитар Апасиев во емисијата ,,Тешки муабети”

„Договорот со Бугарија е ужасен договор и тој лесно може да се раскине, затоа што е владин договор. Не ни треба Собрание за тоа. Ние немавме ни договор, ни проблем со Бугарите додека не се појави Заев. Гоце Делчев ни го има дадено Бугарија да го донесеме во Скопје, кога бил Георги Димитров.

Во Бугарија имате анти-македонци кои комплетно нѐ негираат и што има ние да преговараме со нив, кога негираат дека постоиме?!

Левица има најцврста ПОЗИЦИЈА, тоа е прекин на преговорите со Бугарија. Тоа се нерешливи спорови кои треба да ги сечеш, со една изјава дека не важи веќе Договорот. Бугарија се повлече од Бледскиот договор и нема што да ѝ прават, суверена држава си е. Еве, што лошо осети Бугарија што не имплементира 16 пресуди за нашите Македонци таму?!”