Помеѓу две куќи во Сопиште никнува станбено-деловен простор од 22 метра

Реакција на Левица – Зелен сектор: Помеѓу две куќи во Сопиште никнува станбено-деловен простор од 22 метра, државата и општината го заштитуваат инвестииторот.

„Три станбени објекти со приземје три и четири ката и поткровје и деловен објект во вкупни 6 ката, на 3.000 квадрати ќе се распоредат меѓу две куќи на соседи во Сопиште. Засегнатите жители велат дека оваа „дивоградба“ го нарушува спокојното живеење на нивната улица. Од нивна страна се утврдени повеќе неправилности:

1.Повреда на член 62 од Законот за градење,
2.Општина Сопиште нема изгласан ДУП, а за објект од овој габарит и инфраструктурни потреби е недозволиво тоа да се прави без за тоа да се има детално решение.
3.Основниот проект – Архитектура не е во согласност со АУП (Архитектонски урбанистички проект), каде треба да е јасно наведено сообраќајното решение, влезот во парцелата како официјален влез од јавен карактер.
4.Не постои согласност од ЈП Водовод и Канализација дека ги задоволува условите и капацитетот за дотур на вода.

Без разлика на нерегуларностите на кои укажуваат жителите, од локалните власти не се сослушани нивните барања, ниту пак идеи за надминување на проблемот, едноставно застанале во заштита на инвеститорот. Заради ова од страна на жителите е поднесена петиција во која се бара:

1.Итно да се престане со работите на објектот;
2.Одобрението за градење на ова место да се поништи;
3.Сите засегнатите жители да бидат вклучени во идните планови за градење на сопственикот;
4.Да се донесе договор кој ќе биде од општ интерес на засегнатите странки, но и на целото населено место Сопиште;
5.Сопственикот има право да стопанисува со својот имот,
но не на сметка на здравјето, спокојството и чистата околина на околните жители.

Воедно, жителите поднеле жалба и до Министерството за транспорт и врски од каде идентично како локалната власт, одлучиле да го заштитат инвеститорот и да не ја запрат изградбата на овој објект.

Левица – Зелен сектор застанува во одбрана на интересите на жителите во Сопиште и бара како од локалната власт, така и од Министерството за транспорт и врски, веднаш да прекинат со изградбата на „легалната дивоградба“ и донесат нов ДУП во консултација со месните жители, земајќи ги во предвид нивните права и потреби!“