Мециновиќ за тужбата на ДПМНЕ против Левица

  • Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ со фејсбук статус, за тужбата на ДПМНЕ против Левица

ДПМНЕ не ја тужат Левица како што најавија за прес-конференцијата за наводните средби со СДС во посредништво на бугарски служби, туку за прес-конференција на Левица – Кисела Вода за испреплетените бизнис интереси.

Е на ова првото следеше т.н. “лидерска средба” на која најавија заедничка влада СДС и ДПМНЕ и гласање на уставните измени – дали ДПМНЕ на овој начин го потврдува сомнежот и наводите за вакво координирано дејствување на големите партии со антимакедонски структури од надвор!?

Тоа е, кога сте Министерство за опозиција ќе се тужите со вистинската опозиција, не со партнерите од власта.