АктуелноЛокално

„Матица македонска“ ја објави „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков по повод 120 години од појавата на капиталното дело за македонскиот јазик

Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје ја објави книгата „За македонските работи“ од  Крсте Петков Мисирков, со што ја одбележува 120-годишнината од појавата на капиталното дело за македонскиот јазик.

Според Блаже Конески  појавата  на книгата е значаен настан во национално-културната историја на македонскиот народ и претставува континуитет во новата историја на нашиот народ, што постапно и неминовно води кон неговото национално осознавање.