Иако градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиоски се пофали дека го решил проблемот на граѓаните коишто живеат на ул. Банско, сепак, тамошните жители го дематираат, тврдејќи го токму спротивното.
-20 Декември 2022, Орце Ѓорѓиевски го објавува видеото каде што се фали дека го решил долгогодишниот проблем на ул. Банско. Тоа видео сеуште е закачено како посебно избрана објава на неговиот профил. Во тоа време се појавува и на неколку емисии каде што ја раскажува истата приказна како проблемот на ул. Банско е решен, вели Ангел Таневски, жител на ул. Банско.

Хаосот на оваа улица за жал не е решен, а жителите секојдневно самите се справуваат со предизвиците.
– 28 Јануари 2024, на ул. Банско ништо не е сменето. Проблемот далеку од решен, тензиите меѓу комшиите ескалираат секој ден. Улицата блокирана веќе 3-4 години, дел од скалите срушени. Редовно стресови, редовно посети од полиција, редовно расправји, викање, дерење, закани, и така натаму. Ова го живееме секој ден. Полицијата ни кажува дека не може ништо да направи, градоначалникот исто така не направи ништо иако убедуваше дека ќе направи.