Мециновиќ: Ние не одиме по нивните мекици и крштевки каде собираат по 100 милиони евра

Левица не е дел од шемата и не сакаме да бидеме дел од шемата. Додека во Македонија некои немаат, други имаат многу, вели Амар Мециновиќ од Левица, во неговото последно гостување на Инфомакс.

-Новите кадри на СДС и ДПМНЕ ги уживаат сите привилегии на овој расипан систем, раководството на левица е од сосема друг слој. Ние не одиме по нивните мекици и крштевки каде собираат по 100 милиони евра – изјави тој.

Целото интервју со Мециновиќ погледнето го во видеото.