Пилај: ООН бара начин како Израел да почне да го почитува меѓународното право

Потребни се нови начини за да се натера Израел да се усогласи со меѓународното право, соопшти Комисијата на ООН за Палестина.

Независната меѓународна истражна комисија на Обединетите нации за окупираната палестинска територија соопшти дека глобалната заедница мора итно да пронајде нови начини на пристап за Израел да полне да го почитува меѓународното право.

Поранешниот комесар за човекови права на ООН Нави Пилај се обрати пред Советот за човекови права со првиот извештај на комисијата за окупираните палестински територии и Израел.

„Имаме став дека континуираната окупација на палестинската територија, вклучително Источен Ерусалим и Газа, 15-годишната блокада на Газа и долготрајната дискриминација на Палестинците во Израел се поврзани и не можат да се гледаат изолирано“, рече таа.

Со оглед на јасното одбивање на Израел да преземе конкретни мерки за спроведување на наодите и препораките на минатите комисии, меѓународната заедница мора итно да пронајде нови начини за обезбедување на усогласеност со меѓународното право.

Поранешниот јужноафрикански правник посочи дека меѓународната заедница не преземала значајни мерки за да обезбеди усогласеност на Израел со меѓународното право и да влијае врз него да стави крај на окупацијата.

Пилај нагласи дека состојбата на „вечна окупација“ на Палестина и долготрајната дискриминација на Палестинците во Израел главната причина за тековното насилство.

Заканите за присилно раселување, уривање, изградба и проширување на населбите, насилството на доселениците и блокадата на Газа придонесоа и ќе продолжат да придонесуваат за циклуси на насилство“, иатакна поранешниот шеф за човекови права.

Таа рече дека реалноста која трае со децении носи општо чувство на очај и безнадежност кај палестинското население во Палестина, Израел и дијаспората.

Според Пилај „Палестинците се оставени без надеж за подобра иднина која ќе им го овозможи целиот опсег на човекови права, без дискриминација“.