Иран и Венецуела потпишаа опсежен 20-годишен договор за соработка

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и неговиот ирански колега Ибрахим Реиси, во Техеран, после долги преговори конечно потпишаа стратешки значаен договорот дека двете земји, како едни од најсанкционираните нации во светот, имаат намера да развијат меѓусебни односи на соаботка на повеќе полиња.

Детали за овој договор меѓу двете земји се уште не се објавени во јавноста. Сепак, за време на посетата во Техеран, Мадуро беше придружуван од официјални лица на Венецуела одговорни од областите како што се земјоделството, технологијата, нафтата, комуникациите, туризмот и транспортот, што може да ги означува сферите на соработка што двете земји ги имаат зацртано во договорот.

Иран како и Венецуела се под силни санкции од страна на САД, а според Мадуро, тие имаат „заедничка визија“ во однос на меѓународните прашања и планираат да работат заедно во „војната на санкциите и да најдат начини  на истите непоколебливо да им се спротивстават.